Следен важен датум кој македонската фудбалска јавност го чека е 7. декември кога ќе ги дознаеме противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022 годна кое ќе се игра во Катар.
Откако се пласиравме на ЕП апетите сигурно пораснаа, меѓутоа мораме да бидеме реални и да кажеме дека пласман на Светското првенство ќе биде тешка мисија. Од вчера се познати и сите шешири, а ние се наоѓаме во четвртиот што значи дека ќе добиеме три силни репрезентации.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пласман на СП обезбедуваат само првопласираните репрезентации во групата додека десетте второпласирани ќе играат бараж, заедно со две најдобри репрезентации од Лигата на Нации кои не обезбедиле пласман и од нив ќе се добијат уште шест патници.
Меѓутоа и вака постојат шанси да добиеме некоја колку-толку полесна група, посакувани противници од шеширите погоре може да бидат Данска, Словачка и Северна Ирска.
Еве како изгледаат сите шешири:
ШЕШИР 1: Белгија, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Данска, Хрватска, Германија, Холандија
ШЕШИР 2: Швајцарија, Полска, Шведска, Велс, Австрија, Украина, Турција, Србија, Словачка, Романија
ШЕШИР 3: Русија, Република Ирска, Норвешка, Унгарија, Чешка, Шкотска, Исланд, Северна Ирска, Финска, Грција
ШЕШИР 4: БиХ, Словенија, Црна Гора, МАКЕДОНИЈА, Албанија, Бугарија, Белорусија, Израел, Грузија, Луксембург
ШЕШИР 5: Ерменија, Кипар, Фарски Острови, Азербејџан, Естонија, Косово, Казахстан, Литванија, Летонија, Андора
ШЕШИР 6: Молдавија, Малта, Лихтенхштајн, Гибралтар, Сан Марино