УЕФА ги објави шеширите за следната сезона во Лигата на Нации во која Македонија обезбеди настап во еден ранг погоре.
Уште после првата сеозна поради некои проблеми УЕФА направи реформи. Пред некое време беше објавено дека ќе биде проширена најсилната А-дивизија за сметка на последната Д-дивизија каде што во новата сезона ќе има само седум репрезентации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ние поради освојувањето на првото место во групата одиме еден ранг погоре, а бидејќи сме петта најдобра селекција во новата дивизија се најдовме во вториот шешир.
Со нас во вториот шешир се уште Косово, Белорусија и Кипар. Ова значи дека со ниту една од овие три селекции не можеме да се паднеме во групната фаза. Носителите на ждрепкатаќ е бидат Грција, Албанија, Црна Гора и Грузија. Во третиот и четвртиот шешир се сместени: Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург (трет), Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија (четврт).