Дома Македонски спорт Македонец ќе суди полуфинале на Европско првенство во футсал!

Македонец ќе суди полуфинале на Европско првенство во футсал!

Македонскиот судија Доне Ристовски доби големо признание. Имено, нашиот интернационален судија денеска ќе испише историја за футсалот во Македонија.

Ристовски ќе дели правда на еден полуфинален натпревар во рамките на Европското првенство во футсал кое се одржува во Пореч, Хрватска.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Доне Ристовски ќе биде главен судија на полуфиналниот дуел во кој силите ќе ги одмерат футсал селекциите на Португалија и Словенија. Денешниот натпревар од полуфиналето ќе започне во 17.30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…