Дома Македонски спорт Македонец пред потпис со клуб од Ла Лига!

Македонец пред потпис со клуб од Ла Лига!

Младиот фудбалер играчот од средниот ред 17 годишниот Константино Горгиовски доскорашен фудбалер на ФК Победа и младински репрезнтативец на Нов Зеланд отпатува во шпанскиот клуб  Лас Палмас, каде е на тестирање и лекарски прегледи.

Во Лас Палмас Тино отпатува по препорака на главниот скаут на Лас Палмас Бранко Миловановиќ како и Чарли Периса човек со длабок стаж во менаџерските води како и успешен фудбалски менаџер.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Константино беше константно следен во последната година како и за настапите за Новозеландската У17 репрезентација каде беше еден од клучните играчи за пласманот на светското У17 првенство така и на настапите за сениорскиот тим на ФК Победа каде настапуваше со негови 16 години  во есенската  полусезона, каде забележа 14  официјални настапи (просек 60 мин по натпревар) и постигна еден гол.

Како и 5 пријателски натпревари за клубот , во период од 5 август 2023 до 17 февруари 2024

Горгиовски треба да потпише стипендиски договор со овој клуб од Канарските Острови каде би настапувал во младинската екипа , а од јуни веќе треба да стави потпис и на професионален договор со што би добил можност за настап во сениорската екипа.

Пред настапите за Победа Горгиовски беше дел од Македонија Ѓорче Петров, стандардно настапуваше во младинските категории, меѓутоа во пријателски натпревар заигра и за првиот тим на „лавовите“.

За репрезентација на Нов Зеланд до 17 години собра четири натпревари и беше дел од селекцијата која со освојувањето на континенталното првенство доби место на Светското првенство за играчи до 17 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…