Одбраната на ФК Сараево во следната сезона ќе биде посилна за македонскиот интернационалец Влатко Дробаров. Дробаров е роден во Скопје на 2 ноември 1992 година и игра на позицијата стопер.
Неговиот последен ангажман беше во Бугарија, во тимот на ПФЦ Черно Море Варна. Минатата сезона беше избран во идеалниот тим на бугарското првенство, а неговиот тим прими најмалку голови во лигата. Тој забележа 32 настапи, играјќи ги сите 90 минути, пропушти само еден натпревар поради жолти картони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имаше интересна меѓународна кариера со оглед на тоа што настапуваше во Македонија, Мексико, Кипар, Ерменија, Саудиска Арабија и Индија.
ФК Сараево и Дробаров потпишаа едногодишен договор, со можност за дополнително продолжување на уште една.