По три години поминати во црвено-црниот дрес, Хорхе Македа го напушта Вардар и се сели во екипата на Пик Сегед. Македа освои се што можеше во Вардар, на три пати ја освои двојната домашна круна, два пати стана шампион на СЕХА-лигата и онаа најважната, Европската титула од минатата сезона во Келн. Тој преку својот твитер профил со последна порака се збогува од клубот и навивачите.

 -По 3 години време е да се збогувам со клубот и градот каде што пристигнав со јасна цел. Благодарение на работата и напорите на сите, успеавме да ја оствариме. Никогаш нема да го заборавам тоа. Благодарност до сите навивачи, соиграчи и тренерскиот кадар што успеаа да ме направат подобра личност и подобар играч”

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Комична сцена во Куманово: Ракометар на Тиквеш го нокаутира судијата!

Ракометниот дуел меѓу Куманово и Тиквеш (27-28) понуди вистинска драма, но овојпат не само…