Дома Фудбал Италија Маестро Пирло: Среќа е да се игра во трите гиганти, но Милан…

Маестро Пирло: Среќа е да се игра во трите гиганти, но Милан…

Еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња, Андреа Пирло на 21-ви мај ќе го одигра својот проштален натпревар на кој ќе замат учество серија на фудбалски ѕвезди.

Фудбалскиот „Моцарт“ во опширно интервју истакна дека е среќен што имал можност да игра во трите најголеми италијански клубови, но не крие дека најдобриот период го поминал во Милан и дека е најмногу приврзан за дресот на „росонерите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Имав среќа да играм во трите најголеми италијански клубови. Имам убави сеќавања и од времето во Интер, иако беше кратко. Сепак, најубавите и најсреќните години ги поминав во Милан. Таму освоивме се што можеше да се освои и денес најмногу сум приврзан кон тој дрес“, истакна Пирло.

„Анчелоти е тренерот со кој работев најдолго, тој ми е како втор татко. Најдрага титула ми е првата во Лига на шампиони против Јувентус. Финалето со Ливерпул во Истанбул е нешто што ќе ме прогонува цел живот, и денес не можам да си објаснам како загубивме“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато колку пари бара Бруно Фернандеш за да остане во Манчестер Јунајтед

Бруно Фернандеш се уште има активен договор, но изгледа дека Црвените Ѓаволи веќе сега сак…