Дома Фудбал Останато „Л’Eкип“ одново го тресе светот: Барселона се соочува со стар проблем, жртва може да биде – Нејмар!?

„Л’Eкип“ одново го тресе светот: Барселона се соочува со стар проблем, жртва може да биде – Нејмар!?

neymar

Бразилецот нема мир…

Откако „Л’Екип“ излезе во јавноста со информацијата за наводното местење на натпреварот помеѓу ПСЖ и Црвена Звезда во Лигата на шампионите, сега „удрија“ на првата ѕвезда на „светците“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, тие тврдат дека Нејмар е во опасност да добие затворска казна од дури шест години!

Во прашање е трансферот на Бразилецот од Сантос во Барселона, поради што каталонскиот клуб од поодамна е на удар.

Поранешниот претседател Росел и сегашниот Бартомеу биле во преговори со агенцијата „ДИС“ која го застапувала Нејмар во Сантос.

Тогаш Барселона објави дека вредноста на трансферот изнесувала 57 милиони евра, за подоцна да се појават претпоставки дека целата зделка изнесувала 83 милиони евра.

Шпанскиот суд веднаш побара случајот да биде истражен и пронајдоа многу сомнителни работи, помеѓу останатото и дека Нејмар знаел за „перењето“ на пари, па тоа го прави и соучесник.

На Пиринеите казната за такво дело изнесува и до шест години затвор. Засега некоја од страните официјално не се огласиле.

neymar

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…