Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: Во Милано Малком и Икарди погодуваа за возбудвања во финишот, реми и на дербито во Неапол (ВИДЕО)

ЛШ: Во Милано Малком и Икарди погодуваа за возбудвања во финишот, реми и на дербито во Неапол (ВИДЕО)

Вечерашните натпревари во Лигата на шампионите, барем на овие простори ќе останат во сенка на големата победа на Црвена Звезда против Ливерпул.

Дербито кое се играше на „Џузепе Меаца“ помеѓу Интер и Барселона заврши без победник 1:1, а двата погодоци ги видовме во последните десетина минути од средбата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во натпревар во кој Барселона беше тимот кој што создаваше повеќе прилики првиот гол го видовме дури во 83-тата минута кога човекот кој многумина го отпишаа, Малком погоди за 0:1.

Само четири минути подоцна голгетерот на Интер, Мауро Икарди ја затресе мрежата на Каталонците за 1:1.

И уште едното дерби помеѓу Наполи и ПСЖ кое се играше во истиот термин од 21:00 часот заврши без победник 1:1 Први до водство стигнаа гостите во судиското продолжение од првиот дел преку Бернат, додека Наполи изедначи со гол од пенал во 63-тата на Инсиње.

Во останатите натпревари Тотенхем со пресврт славеше против ПСВ 2:1, Шалке на домашен терен ја совлада Галатасарај со 2:0, Атлетико беше подобар од Борусија со 2:0, додека Порто со резултат 4:1 запоша победа над Локомотив Москва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…