Дома Останати Луксузниот живот на шефот на УФЦ: Гаражата од автомобили и мотори на Вајт изгледа импресивно (ФОТО)

Луксузниот живот на шефот на УФЦ: Гаражата од автомобили и мотори на Вајт изгледа импресивно (ФОТО)

Дајна Вајт благодарение на експлозијата на ММА стекна вистинско богатство.

Сиромашното момче од Лас Вегас ја имаше таа среќа да ги познава браќата Ферита (Лоренцо и Френк) локални богаташи кои ги убедил да го купат УФЦ кое тогаш имаше голем пад.

Тие заедно завршија добра работа, па неговото богатство денес се проценува на 600 милиони долари и живее поинаков живот.

Тој е голем љубител на брзината. Во своја сопственост тој има импресивна колекција на мотори и автомобили.

Од моторите омилен му е Харли Дејвидсон. Овој мотор го доби на поклон од оваа компанија и неговата вредност е 30.000 долари. Развива брзина повеќе од 300 кулометри на час за само шест секунди.

Помеѓу автомобилите „милениче“ му е Ферари Тесторосо од 1989 година. Вредноста на овој автомобил е повеќе од 200.000 долари. Покрај него од фабриката на Ферари го има и моделот Ф430 вреден 250.000 долари.

Во неговата гаража внимание привлекува и Плјемот Баркуд. Станува збор за модел од 1971 година посебно креиран за него. Овој автомобил брзина од 100 километри на час развива за 5.8 секунди.

Поседува уште БМВ М6 Гран Купе и Дефендер Воркс В8 кој припаѓа на неговиот син Аидан.

Секако, каков шеф би бил Дајна без приватен авион.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Конор: Јас сум ГОАТ; Кабиб: Да, ама на Твитер!

Поранешниот двоен шампион на УФЦ, Конор Мекгрегор, реши да се приклучи на темата кој е нај…