Дома Фудбал Лука Јовиќ станува газда на клуб!

Лука Јовиќ станува газда на клуб!

Напаѓачот на Реал Мадрид, кој не добива голема минутажа во екипата, Лука Јовиќ наскоро ќе се грижи за Звезда 09, клуб кој неодамна играше во босанската Премиерлига.

По неофицијалните шпекулации дека Јовиќ презема дел од фудбалскиот клуб, пристигна и официјална потврда дека српскиот репрезентативец ќе биде задолжен за сите спортски прашања на тимот.

Јовиќ сака да им помогне на младите од регионот да напредуваат и да изградат добра кариера, но исто така сака да му помогне и на клубот.

Србинот ги споделил своите идеи со раководството и визијата за да се крене клубот на повисоко ниво, а притоа да се создаде конкурентна екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се откриваат детали: Незадоволството на Лукаку во Челзи започнало на 31. декември

Ромелу Лукаку пред една година стигна како големо засилување во Челси за 120 милиони евра,…