Дома Фудбал Официјално: Лука Јовиќ си замина од Милан!

Официјално: Лука Јовиќ си замина од Милан!

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ од следната сезона повеќе нема да биде дел од италијанскиот гигант, тимот на Милан.

Ова беше потврдено од самиот клуб преку објава на социјалната мрежа „X“.

– Ти благодариме, Лука. Ти посакуваме сé најдобро во следната фаза од твојата кариера – истакнаа од клубот.

Според бројни европски медиуми, засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата српскиот интернационалец.

Јовиќ претходно настапуваше за Црвена звезда, Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид и Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции и исклучување: Несторовски во центарот на пресвртот во Вараждин

Славен Белупо победи со 2:1 на гостувањето кај Вараждин, а Илија Несторовски ги подготви д…