Дома Фудбал Италија Лука Тони: Роналдо беше проблем за Јувентус, не можеше еден играч да издрбила

Лука Тони: Роналдо беше проблем за Јувентус, не можеше еден играч да издрбила

Легендарниот италијански напаѓач, Лука Тони го критикуваше Кристиано Роналдо откако Португалецот одигра лошо во финалето од Купот на Италија против Наполи.

Јувентус беше поразен од Наполи после изведувањето на пенали, а Роналдо втор пат во неколку дена одигра натпревар под своето ниво.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поранешниот италијански голгетер смета дека Португалецот вчера бил еден од главните проблеми во екипата на Маурицио Сари.

„За овој пораз сигурно има вина и Роналдо. Очигледно е дека има физички потешкотии, дури не може да издрбила ниту еден играч“, изјави Тони.

Тони ја искористи приликата и да го пофали Џанлуиџи Буфон кој одигра одличен натпревар.

„Буфон беше најдобар кај Јувентус на теренот“, кратко потенцираше легендарниот напаѓач.

Тука можеме да додадеме и дека Роналдо сруши негативен рекорд во неговата кариера затоа што првпат му се случува да изгуби две финалиња во низа. Претходното беше од Лацио во Суперкупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…