Дома Фудбал Италија Лука Тони до Виери: Некогаш ги исмејувавме напаѓачите кои немаа 20 гола во сезона

Лука Тони до Виери: Некогаш ги исмејувавме напаѓачите кои немаа 20 гола во сезона

Поранешниот италијански голгетер предупреди дека освен Чиро Имобиле Италија во овој момент нема сериозни напаѓачи.

Имобиле сезонава е во одлична форма и постигна 27 лигашки голови, додека Андреа Петања и Франческо Капуто се единствените двајца играчи од Италија со повеќе од 10 гола во Серија А.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во разговор со Кристијан Виери на Инстаграм во живо, Лука Тони потсети на подобри времиња за италијанскиот фудбал.

„Се сеќаваш кога бевме во репрезентацијата? Имавме одлични напаѓачи и кога некој немаше да постигне 20 голови во сезоната го исмејувавме. Сега освен Имобиле нема други италијански играчи кои можат да постигнат повеќе од 15 гола. Тоа навистина е голем проблем“, изјави Тони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Издвоени се 150 милиони евра за најскапиот трансфер на Реал во сите времиња!

Реал Мадрид прилично добро изгледа откако е тука Алонсо, но многумина сугерираат дека крал…