Дома Фудбал Останато Лука Модриќ – Фудбалски Маестро!

Лука Модриќ – Фудбалски Маестро!

Не знам кој би бил адекватниот слоган кој може најпрецизно да го претстави Лука Модиќ … Можеби ,,Лука и се е можно,, ,, Ништо не е невозможно ако се верува,, ,,Фудбалски Маестро,, …

Многу слогани може да го претстават овој фасцинантен човек во секој поглед, меѓутоа за нас тој ќе биде секогаш ,,Фудбалски Маестро,,.

Воопшто немам намера овој текст да го потрошам на неговиот прв дел од животот пред запознавањето со Здравко Мамиќ, меѓутоа ќе си дадам за право да мислам дека токму тој дел од животот го изградил челичниот карактер на Модриќ каков го познаваме до денес.

Не залудно велат ,,Тоа што нема да те убие, ќе те направи посилен,, токму тоа е доказ за карактерот на Модриќ, низ целиот негов фудбалски период.

Војна, селење, живеење во избеглички центар … Сите тие детали се денеска дел од еден челичен карактер кој неможе да се добие на нити еден тренинг, со нити еден тренер, во нити еден клуб.

До своите 15 години бил во НК Задар, во споредба со оние исти фудбалери со кои игра сега, или играл против нив кои ги имале сите можни услови од својата седумгодишна возраст … Одлични академии, нови технологии, новитети во тренинзите, нутриционисти, психолози, и слично … А во исто време некаде таму во некој Задар во клуб кој сега не постои, стасувал големиот Лука Модриќ … Толку е чудно, да не може човек ни да поверува дека е тоа вистина!

Да потсетам само дека Меси, дебитираше во Барселона на свои 16 години, а Лука Модриќ дури на 18 години дебитираше во сениорскиот фудбал и одма оди на позајмница во Интер Запрешиќ, клуб кој сега игра во Втората Хрватска лига и кој се бори за опстанок … Тешко дека тогаш некој фудбалски агент можел да претпостави дека на 18 години во некој клуб во Хрватска игра играч кој ќе освои Златна Топка… Тешко, не верувам дека некој воопшто тогаш се дрзнал да поверува во такво нешто!

Меѓутоа како што обично бива, за да се случи голема работа потребно е некој доволно ,,луд,, да верува во нешто во кое другите нити можат да видат, па камоли да поверуваат … Тој човек кој тогаш верувал е истиот тој кој го превземал ризикот да се бави со Лука Модриќ и неговата кариера. Тој човек, има име и презиме, се вика Здравко Мамиќ!

Тој истиот Мамиќ, со години нема никаква комуникација со Модриќ, а пред десетина години се откажал од своето право кое го имал да заработува 20% од целокупниот приход од плата и авторски права од кариерата на Лука Модриќ доколку тој стане играч.

На венчавката на Лука Модриќ, неговата невеста пред олтар ја изнел Здравко Мамиќ, а сега ни Модриќ ни сопругата немаат никаков контакт со Здравко Мамиќ, а тој самиот живее во Херцеговина како пребеган од Хрватска каде е осуден за дело токму поврзано со Лука Модриќ.

Луда ситуација, да полуда неможе да биде!

Меѓутоа да се вратиме на фудбалската приказна … На 18 години, денеска да му кажете на некој фудбалер од било која балканска држава да одигра една сезона во Зрињски Мостар кој тогаш бил во втората лига на БИХ би го раскинал договорот со својот агент во истиот момент кога ја добил понудата … Но, Лука немајќи други алтернативи, одиграл 22 утакмици и постигал 8 голови …

Можете само да замислите какво е тоа искуство каде се игра фудбал на сила и на трчање, а не технички тики-така фудбал каков што се игра во академиите на Барцелона и Реал … Меѓутоа да предизвикот биде поголем и следната година отишол на позајмница. Продолжило неговото калење сега веќе во Хрватска и тоа во друг клуб, Интер Запрешиќ, каде одиграл 18 утакмици и постигнал 4 гола, а баш во таа година Интер Запрешиќ завршува како втор на табелата одма после Хајдук која таа година ја освојува лигата, а на третото место завршува НК Загреб кој сега е во четвртата Хрватска Лига … Следната сезона 2005/2006, Лука Модриќ се враќа во Динамо Загреб и во следните три сезони колку поминува во Динамо Загреб освојува три шампионски титули со одиграни 136 утакмици за првиот тим на Динамо и постигнува 51 гол, а при тоа игра уште и 37 утакмици за младите репрезентации на Хрватска.

Делува просто нестварно дека некој кој последните 10 години го одбележува светскиот фудбал до 23тата година во својата кариера ја поминал во Динамо Загреб позајмуван во втора лига на БИХ … Меѓутоа проектот успеал!

Не знам дали Мамиќ во тој момент имал некој конкретен план или се што се случувало во кариерта на Модриќ е сплет на некоја судбина и среќни околности, меѓутоа знам со сигурност дека во тоа време Меси веќе дебело беше во првиот тим на Барселона и Лука не знам дали можеби тогаш и можел да замисли дека токму тој ќе биде оној кој ќе ги раздели Меси и Роналдо од златната топка …Тоа беше токму Лука Модриќ!

Но, чуда пишуваат само оние кои лудо веруваат!

Неможам од оваа дистанца ни да замислам дека некој талентиран играч може да остане на Балканот до својата 23-та година и да остане психички стабилен и да им одоли на скапите понуди кои доаѓаат од големите европски клубови … Меѓутоа, во овој случај тоа касно заминување се покажало како успешен потег.

Ми се чини и дека тоа релативно касно заминуавање од Динамо и тоа ,,калење,, со преку 150 утакмици во репрезентацијата и во клубовите, кај Модриќ изградило супер челичен карактер и самодоверба што му овозможило во Тотенхем на највисоко ниво да одигра 127 утакмици и да постигне 13 голови за безмалку 4 години … Еј, во Тотенхем, не во било кој друг клуб и во било која друга лига, туку во ,,најзахтевната,, лига која негува стил со многу трчање, физички контакти, и брзо играње…

Меѓутоа, Лука Модриќ и овој испит го положува со чиста десетка!

Зарем Реал Мадрид може да ве бара ако не сте чиста десетка, освен кога и тој Реал Мадрид ќе промаши како со Предраг Спасиќ или Диaра или некој слични промашувања, меѓутоа со Лука Модриќ не промашува затоа што купува 27 годишен играч со преку 300 утакмици вклучувајќи ја репрезентацијата во своите нози, со прегршт лични предизвици, меѓутоа со емотивна стабилност и фамилијарна подршка доаѓа во Реал Мадрид и започнува неговиот плес …

Тешко дека некој во Реал Мадрид кога го купиле можел да замисли дека купиле следен освојувач на Златната топка, но мислам дека тоа и најголемите оптимисти не го прогнозирале затоа и тој дури после 3-4 години играње во Реал Мадрид ја доби десетката … Но ја доби, тогаш кога ја заслужи толку многу да никој не ни помислил дека после заминувањето на Озил дека некој друг треба да го носи дресот со број 10 кој важи за свет дрес, за дрес кој го носи најдобриот на теренот.

Да, му го побара Азард по доаѓањето, но доби корпа од Лука, и тоа со право!

Таа десетка на неговиот грб, ми се чини дека одамна не ја носел играч кој толку многу ја заслужил како прво, а како второ, одамна не сме гледале толку автентична десетка во последните 20 години како во неговиот случај.

Преку 250 утакмици во Реал Мадрид, во големиот Реал Мадрид, и преку 100 утакмици со број 10, со освоени 4 Лига Шампиони од кои три по ред е таков податок за што не е потребен никаков дополнителен коментар.

Еј, четири Лига Шампиони во пет години, па зарем тоа може да биде на среќа или случајно … Не, тоа е суров квалитет во кој квалитет има од се по малку … и војната, и хотелот, и Задар, и Мамиќ, и Запрешиќ, и Зрињски, и уште многу искушенија кој не ги знаеме но бројките ни помагаат да ги разбериме делата.

Денеска постојат многу бројни платформи који ги оценуваат играчите и дефиниратат нивни карактеристики и ги оценуваат нивните вештини, а како договорени кај сите постои една од неговиоте предности, конзистентност, тоа е најголемиот комплимент за овој велемајстор на фудбалската игра кој трае и со своите 36 години.

Дури би рекол, дека во последните две години можеби го игра и својот најдобар фудбал во кариерата … Можете денеска да изброите фудбалери кои имаат надворешен шут или што би рекле постарите ,,спољна,, … Не, ретко тоа можете да го видите, евентуално кај Кварезма и секогаш кај Модриќ.

Кога секогаш ќе бидете опишан како играч на кој двете нози му се јака нога, тогаш знаете дека е во прашање навистина велемајстор кој работел на себе да послабата нога ја доведе до совршенство, да веќе нема слаба нога … Е тоа е работа, и челичен карактер кој очигледно Лука Модриќ го има!

На сето ова на кое досега се потсетивме, кога плус ќе се додаде и неговото второ место во Русија со репрезентацијата на Хрватска и оној гол против Аргентина како сласт за сите Реал Мадридисти, се чини дека Златната Топка му доаѓа како мелем на рана, на не освоеното светско првенство …

Меѓутоа, ниту еден човек во Хрватска тој успех не го сметаше за науспех нити пак радоста беше помала од неосвојувањето на Светското првенство … Само Уругвај и Хрватска се држави кои имаат по неколку милони жители а играле во финалето на светското првенство … Голем успех и тоа како!

Ако сакаш фудбал, разбираш фудбал, гледаш фудбал, без разлика за кого навиваш, за Барселона или Реал, мораш на Модриќ да му симнеш капа, и да му кажеш само едно ,,Благодарам Маесто, и продолжи уште долго да ни ја пружаш убавината на оваа магична игра.

Пишува: Благоја Петрушев

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Панче Ќумбев со анализа и предлози за последните дуели од Група А

Група А: Италија – Велс ( време: 18:00 ч. ) Најдобриот фудбал до сега на шампионатот го пр…