Иако Гвардиола самиот јавно порача дека нема никаков договор со Јувентус, италијанскиот новинар не го менува својот став.
Многу се пишуваше за иднината на Масимилијано Алегри, тие гласини се намалија откако Јувентус го сврти резултатот во реваншот против Атлетико Мадрид, но низ италијанските медиуми се уште може да се прочита по нешто на таа тема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус во четвртфиналето ќе игра против Ајакс, а во Торино очекуваат „старата дама“ да оди до самиот крај во ова натпреварување.
Како и да е што и да се случи, сигурно е дека иднината на Алегри ќе се решава на крајот од сезоната. Зидан беше фаворит, но тој се врати во Реал Мадрид, а сега често пати се споменува името на Пеп Гвардиола.
Изгледа прилично нереално, но италијанскиот новинар Луиџи Гуелп не го менува својот став и одново тврди дека Гвардиола има договор со Јувентус. Тоа го потврди во разговор за „Радио ЦРЦ“.
„Гвардиола има договор со Јувентус. Тоа ви го кажав и претходно и сега можам одново да ви ја потврдам таа вест“, изјави Гуелп.
Освен тоа Гуелп најави и дека Јувентус ќе тргне по Кулид Кулибали од Наполи.
„Морам да додадам дека Јувентус би можел да тргне по Калид Кулибали од Наполи“, изјави Гуелп.
Ако зборовите на овој новинар се остварат Јувентус би направил вистински „земјотрес“ во Италија, но и во цела Европа. Неговите зборови засега изгледаат нереално, но останува да го почекаме летото и да видиме што ќе се случува.