Дома Останати Кошарка Луд натпревар за Дончиќ: Со 47 поени ја сруши Франција!

Луд натпревар за Дончиќ: Со 47 поени ја сруши Франција!

Денес заврши уште еден натпревар од петтото коло на Евробаскетот во групата Б.

Словенија предводена од Лука Дончиќ ја совлада Франција со 82:88 и со скор 4:1 од лидерската позиција продолжува во осминафиналето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Натпреварот најголем дел беше во егал. Словенците имаа периоди во кои водеа со пет до седум поени разлика, меѓутоа Французите брзо се враќаа.

Кон средината на последната четвртина Словенците имаа +10, резултатот гласеше 70:890. Потоа следуваше серија на Франција која дојде до 79:80. Во неизвесната завршница подобро се снајдоа Словенците и на крајот стигнаа до триумф.

Натпревар за паметење одигра Лука Дончиќ кој постигна неверојатни 47 поени и така стигна до второто место на сите времиња по бројот на поени на еден натпревар од Евробаскет. Пред Дончиќ е само Еди Терас кој во 1957 година постигна 63 поени за Белгија против Албанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шок во НБА: Таткото на една од најголемите ѕвезди уапсен за обид за убиство!

Џејлен Браун, познатата ѕвезда на Бостон и НБА шампион од 2024 година, ретко излегува во ј…