Германски Магдебург ќе игра финале во Лигата на шампионите во неверојатно драматичното полуфинале да го елиминира актуелниот европски шампион, Барселона. До победата Магдебург дојде во драматичен натпревар и една неверојатна пенал серија, каква што ретко се гледа. Регуларниот дел беше 31:31, а по продолженијата 35:35.
Барселона беше за нијанса подобра во првото полувреме и имаше предност во најголем дел од првите 30 минути. Магдебург водеше на двапати само со 7:6 и 8:7. Барселона за првпат имаше два разлика во 19-тата минута, а потоа и со голот на Дика Мем дојде до 15:18, сепак Германците се изборија 16:18 на пауза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одлично стартуваа Каталонците во вториот дел и со два гола дојдоа до највисоки плус четири, но тука како да застанаа. Следуваше една серија на германскиот тим со 6:1 и за првпат на мечот имаа два гола предност (24:22).
Барселона не дозволи посериозно да се „одлепи“ противникот, па се врати на 25:25. Во последните моменти беа и во водство. Последните секунди од регуларниот дел беа драматични. Смитс израмни на 31:31, а Барса беше блиску и во неколкуте секунди кои останаа да даде гол за победа, но Германците се извлекоа.
Неизвесната битка продолжи и по продолженијата (две по пет минути). На крајот и тука немаше победник (35:35).
Смитс со 12 гола беше најефикасен кај Магдебург, осум даде Микаел Дансгард, додека Тимотеј Нгесан со девет и Гомес со осум беа најефикасните на спротивната страна.
Во пенал серијата дури четворица ракометари на Барселона не реализира, па доволни беа двата гола на германскиот тим за пласман во големото финале. За место во финалето во второто полуфинале ќе се борат ПСЖ и Веспрем од 18:00 часот.
A save for HISTORY ☝️⭐️#ehfcl #ehffinal4 @SCMagdeburg pic.twitter.com/0uVRPJOvCR
— EHF Champions League (@ehfcl) June 17, 2023