Дома Фудбал Италија Лош старт: Интер изгуби, Наиголан се повреди на дебито (видео)

Лош старт: Интер изгуби, Наиголан се повреди на дебито (видео)

Фудбалерите на Интер денес одиграа пријателски натпревар против Сион и забележаа пораз од 2:0.

Лучијано Спалети на овој натпревар ја проба формацијата 4-2-3-1, но баш и не се прослави. Во средниот ред играа Наинголан, Политано и Карамох, а најистурен беше Лаутаро Мартинез.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Но, она што најмногу ги загрижи навивачите на Интер не е поразот. Имено, Раџа Наинголан на теренот помина само 24 минути, Спалети мораше да го замени бидејќи се повреди.

Во овие моменти не е познато од каков степен е повредата на Белгиецот, според првите неофицијални информации би можел да паузира неколку недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…