Дома Фудбал Репрезентации Лоши вести од Лондон за Бразил пред Мундијалот

Лоши вести од Лондон за Бразил пред Мундијалот

Тотенхем славеше против Евертон и така се искачи на третото место во Премиерлигата и го држи чекорот со одличните Арсенал и Манчестер сити, но сепак Антонио Конте остана без услугите на бразилскиот напаѓач Ричарлисон.

Ричарлисон заработи повреда на листот на ногата и поради тоа го чека долга пауза, по што Бразилецот кажа дека тоа може да влијае на неговиот настап на Мундијалот во Катар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Бразилскиот напаѓач в понеделник треба да оди на дополнителни тестови, по кои ќе знае што се случува со повредата и колку време ќе паузира.

„Чувствувам болка додека се движам. Блиску е Мундијалот, остана само еден месец, а сега морам да одам на рехабилитација и не знам кога ќе се вратам на терените“, кажа Ричарлисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Се подготвува нова револуција во Лигата на шампиони: Две групи и бесплатни преноси

Само три години по историската промена на форматот на Лигата на шампиони, укинувањето на г…