Дома Фудбал Останато Лоши вести за Реал – Без капитенот на Светското клупско првенство

Лоши вести за Реал – Без капитенот на Светското клупско првенство

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ќе го пропушти Светското клупско првенство поради проблеми со повредата, пренесуваат странските медиуми.

Рамос тренингот на својата екипа во Абу Даби мораше да го напушти затоа што почуствувал повреда во пределот на листот и тој ќе мора да ги пропушти натпреварите на Светското клупско првенство. Клубот наводно не сака да ризикува со него и сака да го чува за многу поважните натпревари.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Потсетуваме, Реал Мадрид во полуфиналето игра против Ал Џезира денеска од 18:00 часот, а доколку се пласира во финалето ќе игра против Гремио кој претходно го победи Пачука со 1:0 во првиот полуфинален натпревар.

Инаку, Светското клупско првенство е натпреварување во кое учествуваат седум тимови од шест континенти, но секако дека разлиакта во квалитетот е огромна и екипите од Европа и Јужна Америка доминираат. Како и секоја година, така и оваа, голем фаворит ќе биде европска еипа, а особено поради тоа што станува збор за Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …