Дома Фудбал Лига на шампиони Лоши вести за Зидан и Реал – еден од најважните под знак прашалник за реваншот во Париз

Лоши вести за Зидан и Реал – еден од најважните под знак прашалник за реваншот во Париз

Лоши вести пристигнуваат за Реал Мадрид и Зинедин Зидан.

Како што пренесуваат шпанските медиуми еден од најважните играчи на „кралевите“ од средината на теренот Тони Крос го повредил коленото и е под знак прашалник за реваншот против Пари Сен Жермен во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Тестовите кои ги направивме покажаа дека Тони Крос има истекнување на лигаментите на левото колено. Не можеме да кажаме кога 100% ќе биде спремен“, соопштија од лекарскиот тим на Реал Мадрид.

Оваа вест прилично ги изненади сите фанови на Реал Мадрид бидејќи Германецот сосема нормлано го заврши натпреварот против ПСЖ и ги одигра сите 90 минути, покрај тоа според „BBC“ беше играч на мечот.

Во случај да се работи за посериозна повреда и тој да не биде во можност да настапи на реваншот во Париз сигурно дека тоа ќе биде голем проблем за „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…