Фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и натаму е на мета на најголемите европски клубови, иако одигра доста лошо СП.
СМС се поврзува со Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но претседателот на Лацио, Клаудио Лотито упорно истакнува дека клубот нема намера да го продаде.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Ние никогаш го немаме ставено на трансфер листата. Тој не е на продажба, но никогаш не кажувај никогаш. Во секој случај, нема да го продадеме за некоја смешна цифра.“ – рече Лотито и додаде:
„Не одигра под очекувањата на Мундијалот, само играше на позиција која не е негова.“
Наводно Лотито прифатил да го продаде својот најдобар играч за 120 милиони евра, а бидејќи тоа не го направи, се претоставува дека таква понуда не пристигнала на адресата на Лацио.