Дома Фудбал Лопетеги брзо научи како треба и по прашањето на новинарот испрати провокација до Барса

Лопетеги брзо научи како треба и по прашањето на новинарот испрати провокација до Барса

Нов тренер на Реал Мадрид од оваа сезона е Јулијен Лопетеги, а неговиот напаѓачки стил на игра веќе ги воодушеви шпанските новинари кои во последната недела напоменуваат дека Реал Мадрид сега игра како тим.

Лопетеги гостуваше во емисијата на „Кадена СЕР“, а со оглед на тоа што 52 годишниот стратег како играч помина краток период во каталонскиот клуб го праша дали некогаш би бил тренер на Барселона.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Одговорот на Лопатеги беше јасен.

„Веќе го тренирам најдобриот клуб во светот“, одговори тренерот на „кралевите“.

Секако, се уште е прерано за носење било какви заклучоци, но Реал после поразот во европскиот Суперкуп игра навистина добро. Имаат три сигурни победи во Ла Лига со гол разлика 10-2.

Ќе потсетиме поради објавата дека ќе биде нов тренер на Реал Мадрид, Лопатеги непосредно пред почетокот на Светското првенство доби отказ од Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…