Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за играчот на Милан, Сусо и е спремен да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.
Шпанскиот репрезентативец не успеа да се докаже на „Енфилд“ како млад фудбалер, па се пресели во Милан, каде буквално „експлодираше“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сусо во последните две сезони се етаблираше како еден од најдобрите офанзивни фудбалери во Серија А и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
25-годишниот Шпанец оваа сезона на 15 меча во Серија А има 5 гола и 8 асистенци, што го става во рангот на Меси и Азар како играч со најмногу асистенции во Европа.
Ливерпул сака да ја поправи грешката и да го врати на „Енфилд“, а за тоа спремиле понуда од 50 милиони евра.
Сепак, тешко е да се поверува дека Милан ќе се откаже од својот најдобар фудбалер и веќе започна преговори со Шпанецот за нов договор.