Дома Трансфер зона Ливерпул се засилува со бек од ПСЖ

Ливерпул се засилува со бек од ПСЖ

Медиумите на Островот пренесуваат дека Ливерпул е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на ПСЖ, Томас Муние.

28-годишниот десен бек е трансфер мета на многу европски гиганти поради фактот што на лето е слободен агент.

Муние беше дел од белгискиот тим на СП 2018 кој го осво третото место, но во ПСЖ не добива голема минутажа, па реши да ја промени средината.

Муние има многу понуди бидејќи е слободен агент, а Клоп сака да го донесе на „Енфилд“ како алтернатива за Александер Арнолд.

Белгиецот сепак е свесен дека ако се пресели во Ливерпул повторно ќе биде резерва, но сепак е спремен да ја прифати понудата. Се очекува играчот да донесе конечна одлука во наредните денови.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан на чекор до големо засилување

Салцбург одигра одлична сезона и промовираше неколку млади таленти предводени од Ерлинг Ха…