Дома Фудбал Англија Ливерпул сепак ќе има шампионска парада

Ливерпул сепак ќе има шампионска парада

Ливерпул ќе има шампионска парада со која ќе ја прослави историската титула заедно со своите фанови.

Ова денес официјално го потврдија од кабинетот на градоначалникот на градот. Меѓутоа се уште не е одреден датумот на кој ќе се случи шампионската парада.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со сигурност тоа нема да се случи ова лето, бидејќи властите сметаат дека при парадата не е возможно да се почитуваат мерките за социјална дистанца. Најверојатно славјето ќе се одржи на почетокот на следната сезона.

Илјадници фанови излегоа синоќа на улиците на градот за да ја слават титулата, без да ги почитуваат молбите на властите да останат во своите домови. Медиумите пренесуваат дека имало и десетина приведени фанови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФФМ објави важни информации за сите навивачи кои ќе бидат во Данска: Ова треба да го знаете!

За сите навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација кои ќе присуствува…