Еден од главните играчи на Ливерпул, Садио Мане е голема желба на Реал Мадрид.
Наводно тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан сака да го види сенегалскиот фудбалер во своите редови и според информациите Реал ќе се обиде да го доведе овој фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа тоа сигурно нема да оди лесно. Иако Реал ќе има огромен фонд на располагање за засилувања во летниот преоден рок, Мане скапо би можел да ги чини.
Шпански „Ел Чирингуито“ објави дека Ливерпул одредил цена за Мане и таа изнесува 230 милиони евра. Ако му веруваме на овој медиум Мане може да замине само ако некој клуб ја плати оваа сума.
¡EXCLUSINDA! #Inda: "MANÉ era PRIORIDAD para el REAL MADRID pero DESCARTA los 230 MILLONES que PIDE el LIVERPOOL". #ChiringuitoInda pic.twitter.com/V5pErxprce
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 1, 2019
Иако претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е одлучен да ги исполни желбите на Зидан, овој трансфер е навистина тешко да се реализира. Доколку во некој случај се случи Реал да ја плати оваа сума тогаш Мане би станал најскапиот фудбалер во светот и ќе го сруши рекордот на Нејмар кој во ПСЖ премина за 222 милиони евра.
Се шпекулира и дека од Реал ќе се обидат да ја намалат сумата така што на Ливерпул ќе му понудат и еден играч од Герет Бејл, Марко Асенсио и Хамес Родригез, секако и одредна сума.
Мане во Ливерпул пристигна во 2016 година, а во октомври минатата година потпиша нов договор со клубот од „Енфилд“ кој го обврзува на верност до јуни 2023 година.
Оваа сезона 26 годишниот напаѓач постигна 20 голови и запиша четири асистенции на 39 натпревари.