Дома Фудбал Репрезентации Ливерпул не го пушта Салах на Олимписките игри

Ливерпул не го пушта Салах на Олимписките игри

Мохамед Салах нема да настапи за Египет на Олимписките игри во Токио.

Ако во натпреварувањата под покровителство на ФИФА и УЕФА клубовите не им прват проблеми на играчите да настапуваат за своите земји тоа не може да се каже за Олимписките игри. Ливерпул нема да му даде „зелено светло“ на Салах да биде дел од египетскиот тим, објави „Тајмс“.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во клубот не сакаат да ризикуваат евентуална повреда или замор кај Салах пред почетокот на новата сезона и потребен е на припремите. Освен тоа Салах го очекува и Купот на Африканските нации и таму ќе биде дел од репрезентацијата па во Ливерпул сметаат дека би било премногу ако биде отсутен и поради Олимписките игри.

Египет имаше желба Салах да биде еден од двајцата фудбалери кои имаат право да бидат постари од 23 години во репрезентација, сепак тоа нема да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јунајтед подготви неверојатна понуда за играчот кој го сака половина Премиерлига

Манчестер Јунајтед подготви огромна понуда за да го доведе Антоан Семењо и да го „украде“ …