Дома Фудбал Англија Ливерпул наредната недела го официјализира наследникот на Клоп?

Ливерпул наредната недела го официјализира наследникот на Клоп?

Рубен Аморим го поминува најдобриот период во својата тренерска кариера, откако по „двојната“ победа над Бенфика, во текот на следната недела би можел и да го финализира својот договор со Ливерпул.

Спортинг вчера ја победи Бенфика со резултат 2:1 и со тоа му побегна на најголемиот ривал на +4, а воедно има и натпревар помалку, па прашање на време е кога титулата ќе биде потврдена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новинарот Педро Сепулведа доцна вчера објави дека победата на Спортинг дополнително ги забрзала преговорите со Ливерпул и дека „црвените“ се надеваат дека ќе ги договорат сите детали со португалскиот стручњак веќе во текот на следната недела.

Да потсетиме, откако Јирген Клоп најави дека си заминува на крајот на сезоната, Чаби Алонсо беше главен кандидат, но кога реши да остане во Леверкузен во следната сезона, Аморим скокна во прв план и сега се е на чекор од потпис.

Аморим на најдобар можен начин би можел да се прости од Лисабон, бидејќи за трофејот во Купот на Португалија ќе се бори против подобриот од дуелот Порто – Виторија Гимараеш, реваншот од овој двомеч се игра на 17-ти април.

Аморим досега не раководел со ниту еден клуб надвор од својата татковина, но добрите игри и резултати во Брага и Спортинг го препорачаа на европските гиганти, а најконкретен беше Ливерпул.

Да потсетиме, Португалецот има 39 години и Ливерпул ќе биде неговот најголемиот предизвик во неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…