Ливерпул е блиску до договор со Реал Мадрид околу трансферот на младиот шпанси репрезентативец Дани Себаљос, пренесуваат англиските медиуми.
Талентираниот Шпанец минатата сезона беше фантастичен во дресот на Бетис, со што си обезбеди трансфер во Реал Мадрид каде добива мизерна минутажа. Поради тоа сака да ја промени средината, а и тренерот Зидан му ја отвори излезната врата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за Себалос покажаа италијанските гиганти Милан и Јувентус, но Јирген Клоп беше најконкренет и успеа да го убеди Шпанецот да се пресели на „Енфилд“.
Себаљос веќе ја прифатил понудата на „црвените“, а двата клуба се блиску до договор за трансфер вреден 40 милиони евра.
Liverpool 'close to agreeing four-year deal with Real Madrid star Dani Ceballos' https://t.co/Oa8QAIKvWW pic.twitter.com/DfbglDJHTG
— Mirror Football (@MirrorFootball) April 20, 2018