
Ливерпул и Милан се силно заинтересирани за ѕвездата на Лајпциг, Марсел Сабицер, пренесуваат медиумите на Островот.
Ливерпул веќе неколку месеци работи на трансферот на Сабицер, за кого интерес покажува и Милан.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Сабицер влезе во последната година од договорот и сака да ја промени средината, па Лајпциг е спремен да го продаде.
Новиот извршен директор на Лајпциг потврди дека Австриецот побарал трансфер, а клубот за неговата слобода бара 20 милиони евра.
Милан во него гледа идеална замена за Чалханоглу, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.