Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал и Ливерпул се силно заинтересирани за искусниот десен бек на Баерн Минхен, Рафиња.
Иако со пензионирањето на Филип Лам се очекува Рафиња да добива поголема минутажа, сепак Бразилецот е решен да ја промени средината, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Премиер лигата.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Иако играм за голем клуб сепак ми годи кога други клубови се интересираат за мене. Убаво ми е во Баерн, но би сакал нов предизвик во кариерата, особено во Премиер лигата“, изјави Рафиња.
Рафиња е во Баерн од 2011 година и одигра 199 меча за Баварците на кои постигна четири гола. Во Минхен освои се што можеше да се освои, а сега останува да видиме кој од споменатите два клуба ќе го избере за следен чекор во кариерата.