Дома Трансфер зона Ливерпул го продава Фирмињо по „дисконтна“ цена

Ливерпул го продава Фирмињо по „дисконтна“ цена

Ливерпул е спремен на лето да се раздели со својата голема ѕвезда, Роберто Фирмињо, пренесуваат медиумите на Островот.

30-годишниот Бразилец има договор на уште 15-месеци со Ливерпул и клубот нема намера да му понуди нов, туку ќе го стави на трансфер листа на лето.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Од почетокот на сезоната Фирмињо имаше неколку повреди и го загуби местото во стартниот тим и до овој момент има постигнато седум гола.

Со оглед на падот на неговата форма и краткиот договор со Ливерпул, „црвените“ сметаат дека сега е вистинско време за продажба и му поставиле цена од 20 милиони фунти.

За Фирмињо интерес покажуваат неколку европски гиганти, а најсилен е интересот на Атлетико Мадрид и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…