Дома Трансфер зона Ливерпул го моли Вернер да почека уште малку

Ливерпул го моли Вернер да почека уште малку

Раководството на Ливерпул ги замолило менаџерите на Тимо Вернер за малку повеќе време, пред да донесе конечна одлука за официјална понуда до Лајпциг.

Клубот сака добро да ја процени ситуацијата околу финансиската криза и каква ќе биде состојбата на трансфер пазарот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Црвените“ веќе имаат конплетен договор со германскиот напаѓач, но не сакаат да ја платат откупната клаузула која изнесува 60 милиони евра.

Според последните информации Вернер му дава преднос на Ливерпул и сака да ја продолжи кариерата на „Енфилд“, но има и други понуди.

Од Ливерпул побарале уште неколку недели за да видат како ќе се одвива трансферниот пазар, бидејќи се очекува дека поради пандемијата цената на играчите драстично ќе се намали.

Неколку европски гиганти чекаат разврска меѓу преговорите помеѓу Ливерпул и Вернер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…