Ливерпул е во потрага по квалитетен стопер, бидејќи „црвените“ имаат големи проблеми во одбраната.
„Црвените“ во зимскиот преоден рок ги донесоа Дејвид и Кабак, но турскиот репрезентативец е на позајмица од Шалке и најверојатно нема да биде откупен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најголема желба на Клоп е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, кој се обиде да го донесе уште во зимскиот преоден рок.
Станува збор за играч кој има 21 година. Ги помина сите младински категории на Ајакс, а една сезона помина на позајмица во Херенвен. Во Лил пристигна во јули 2020. година и уште во првата сезона е еден од клучните играчи на тимот.
Денес француските медиуми пренесоа дека Лил постигнал договор со англиски клуб за продажба на Ботман за 45 милиони евра, но името на клубот не се открива.
Сепак, англиските медиуми се сигурни дека станува збор за Ливерпул и дека Ботман ќе биде првото засилување за „црвените“ за следната сезона.
💣 ‼️#Calciomercato – Secondo 'Canal Plus', il #Lille avrebbe trovato un accordo per la cessione di #Botman per 45 milioni di eurocomplessivi. Non si conosce però il club che ha chiuso l'acquisto
— calciomercato.it (@calciomercatoit) February 15, 2021
📲#CMITmercatohttps://t.co/MAhe8xsf9d