Полека влегуваме во завршницата од Премиер лигата, а жестока борба се води за сите фронтови.
Манчестер Сити и Ливерпул се во трка за шампионската титула. „Црвените“ имаат два бода повеќе и натпревар повеќе од „граѓаните“ кои до крајот имаа се во свои раце и ако не направат кикс ќе ја одбранат титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сити во утре го пречекува Барнли, а потоа му остануваат два натпревари. После Барнли, Манчестер Сити на домашен терен игра со Лестер во рамките од 37-то коло наредниот викенд.
Истиот тој Лестер би можел да ја одлучи и борбата во Лигата на шампионите. За тие позиции борба водат Тотенхем, Арсенал, Челзи и Манчестер Јунајтед.
Интересно е што Лестер во 36-тото коло утре го пречекува Арсенал, а во последното коло овој тим ќе го пречека Челзи.
Значи Лестер би можел да одигра голема улога во шампионската трка и трката за место во Лигата на шампионите.
Кога во прашање е статусот на Лестер тие се безбедни на средината на табелата, не можат ниту да испаднат, ниту да изборат место во европските натпреварувања.