Пари Сент Жермен сака да ги задржи најголемите ѕвезди, Нејмар и Мбапе, но и самите фудбалери треба да изразат желба да останат.
Договорите на двајцата истекуваат после 18 месеци, а спортскиот доректор Леонардо изјави дека клубот „нема да ги моли за да останат“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Се надевам дека двајцата се убедија дека ПСЖ е одлично место за секој амбициозен фудбалер од највисока класа. Треба да постигнеме договор земајќи ја предвид нивната желба, барањата, очекувањата. Во никој случај нема да си дозволиме да ги молиме да останат. Тој кој што сака да остане во ПСЖ, ќе го направи тоа. Имам добро претчуство кога е во прашање иднината на двајцата“, изјави Леонардо.
Леонардо проговори и за можноста Меси да се пресели во ПСЖ и потврди дека клубот е спремен да започне преговори со Аргентинецот.