Српскиот тренер Синиша Михајловиќ се лекува од леукемија, а според најновите информации на италијанските медиуми, тој би можел повторно да излезе од болница за да ја предводи Болоња.
Лекарскиот тим кој се грижи за неговото здравје е против изложување на стрес по серијата примени хемотерапии, но Михајловиќ оди против препораките и решил денес да присуствува на мечот против Лацио.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Михајловиќ претходно излезе од болница да ја води Болоња на натпреварите против Верона (1-1) и СПАЛ (1-0), а сега повторно сака да ги израдува фудбалерите и навивачите.
Ова е специјален меч за Михајловиќ, бидејќи шест години од кариерата ги помина во Лацио и остави трага во овој клуб.