Дома Фудбал Италија Легендите на Милан се простуваат од Берлускони со трогателни пораки📷

Легендите на Милан се простуваат од Берлускони со трогателни пораки📷

Легендарниот претседател на Милан, Силвио Берлускони денес почина на 86 годишна возраст.

Берлускони ќе остане запаметен како еден од најтрофејните фудбалски претседатели во светот и човек кој го направи Милан еден од најславните и најтрофејни клубови во светот.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Тој направи вистинска „револуција“ во италијанскиот и европскиот фудал во 90-те години и во Милан донесе многу фудбалски ѕвезди, а под негово водство клубот 5 пати ја освојуваше Лигата на шампиони.

Фудбалските легенди на Милан денес со трогателни пораки се простуваат од Силвио Берускони.

„ Не напушти генијалец, визионер, човек кој имаше големи соништа, но пред се, не напушти човек кој ја промени историјата во нашата Италија.Ти благодарам, претседателе, дозволивте ние Миланистите да живееме сон кој траеше 30 години. Никој, никогаш нема да биде како тебе“, напиша Малдини.

Рикардо Кака, Алесандро Неста, Пипо Инзаги, Пато, Барези, Ван Бастен, Рут Гулит, Пирло, Гатузо… исто така испратија емотивни пораки на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Веб: ВАР има дури 80% помалку грешки во Премиер лигата од минатата сезона (ВИДЕО)

Хауард Веб, шефот на фудбалските судии во англиската Премиер лига, тврди дека бројот на по…