Гонзало Игуаин не е во форма и тоа е јасно и критики на негова сметка пристигнуваат од сите страни.
Случајот „Игуаин“ ја тресе Италија. Аргентинецот е под голем притисок, го напаѓаат од сите страни, а последен кој упати критики е легендата на Јувентус, Фабрицио Раванели.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Човекот кој со Јувентус освои се сега работи во младинските категории на клубот и истакнува дека Игуаин во овој момент е терет за клубот.
„Тотално е надвор од форма, тој сега крст кој осанатите го носат. Во овој момент тој е терет за останатите и не треба да биде во тимот“, остар беше Раванели.
Но, Алегри нема решение, единствено Манџукиќ би можел да биде преселе во шпицот, но тешко е да се верува дека најскапото засилување во историјата на Јувентус ќе се пресели на клупата за резерви.
Аргентинецот се надева дека „стариот муштерија“ Торино е вистинска прилика за враќање во форма, минатата година тој на два натпревари против Торино постигна три погодоци.