Дома Фудбал Англија Легендата на „Црвените ѓаволи“ му се заблагодари на Бензема: Тоа беше човекот кој „ме пресели“ на „Олд Трафорд“

Легендата на „Црвените ѓаволи“ му се заблагодари на Бензема: Тоа беше човекот кој „ме пресели“ на „Олд Трафорд“

Легендарниот англиски фудбалер, Мајкл Овен откри дека Карим Бензема е „виновникот“ што заминал во Манчестер Јунајтед.

Овен на „Олд Трафорд“ замина во 2009. година, откако претходно настапуваше за Њукасл, меѓутоа на малкумина им е познато дека неговото доаѓање во Манчестер Јунајтед зависел исклучиво од Карим Бензема.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, Бензема бил прв на листата на посакувани желби на Алекс Фергусон, но бидејќи одлучил да замине во Реал Мадрид, легендарниот Шкот се насочил кон другата опција.

„Можам да му се заблагодарам на Бензема. Поради него заиграв за Манчестер Јунајтед. Имено, тие го сакаа прво него, но тој го избра Реал. Фергусон ми кажа дека потоа одлучил да ме донесе мене. Така што уште еднаш му благодарам на Бензема“, истакна Овен.

Англичанецот на „Олд Трафорд“ мина три години. Во тој период одигра 52 натпревари, запишувајќи 17 погодоци и три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…