Oткако Сер Џим Ретклиф влезе во клубот Манчестер Јунајтедсе обидува да ги намали трошоците, па за таа цел сега го раскинаа и договорот со најуспешниот тренер во историјата на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.
Фергусон имаше договор со Манчестер Јунајтед како амбасадор на клубот, но сега тој е раскинат пренесуваат островските медиуми.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од клупата на Манчестер Јунајтед Фергусон се повлече во 2013 година по 26 години поминати на кормилото на „црвените ѓаволи“, а тоа го направи на 82-годишна возраст.
Според информациите на „Атлетик“ станувало збор за милионски договор кој бил во октомври 2013 година.
Како што се наведува Ретклиф имал состанок со Фергусон на кој му ги објаснил неговите намери.