Дома Фудбал Останато Легендата на Ливерпул ќе биде тренер во Белгија

Легендата на Ливерпул ќе биде тренер во Белгија

Eкс-фудбалерот на Ливерпул кој остави длабока трага на „Енфилд“, Дирк Кајт е нов тренер на белгискиот второлигаш Бершот.

Кајт и Бершот се договорија за соработка до крајот на сезоната.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


„Бершот има богата историја во беглискиот фудбал. Ова е еден нов чекор во мојата тренерска кариера, со нетрпение чекам да започнам. Како тренер сакам напаѓачки фудбал, исто како и кога бев фудбалер, моето размислување за фудбалот се нема променето“, изјави Кајт.

Зад себе Кајт има скромно тренерско искуство, работеше како асистент во нисколигашот Квик Бојс каде што ја заврши играчката кариера, а потоа во тимот до 19 години на Феенорд и кратко во холандскиот прволигаш Ден Хаг каде што беше до ноември 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблем за Аргентинците: Меси се пожали на повреда

Репрезентацијата на Аргентина го победи Чиле со минимални 1:0 и така се пласираше во нокау…