Славниот холандски фудбалер Јап Стам предвидува дека неговиот поранешен клуб Лацио може да го освои Скудето оваа сезона.
Стам во дресот на Лацио играше во периодот од 2001. до 2004. година и во тоа време го освои Купот на Италија. Две сезони пред да стигне тој во клубот римската екипа ја освои последната титула во Серија А. Стам смета дека ова може да се повтори оваа година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мене лично не ме изненадува што Лацио игра така добро. Работат многу напорно неколку години и можат да го освојат Скудето оваа сезона.“ – изјави Стам и го пофали тренерот Симоне Инзаги.
„Инзаги ме импресионира. Сите играа одлично под негова палка, на секоја позиција. Тој е тактичар со одличен карактер. Ако на тимот му оди добро, тоа е благодарение на него.“
Инаку, Лацио моментално е само бод зад Јувентус во Серија А на 12 кола пред крајот на шампионатот.