Дома Фудбал Лига на шампиони Легендарниот фудбалер на Јувентус на полувремето сакал да се пресмета со Брих!?

Легендарниот фудбалер на Јувентус на полувремето сакал да се пресмета со Брих!?

Главна тема теме денес во спортските медиуми секако е вчерашното исклучување на Кристиано Роналдо во натпреварот против Валенсија.

Судијата Феликс Брих одлучи да го исклучи Роналдо во 30-тата минута после сугестија од помошникот. Црвениот картон предизвика бес и солзи кај Португалецот кој упорно кажуваше дека ништо не направил, во фудбалскиот свет преовладува мислењето дека овој пат Роналдо е во право.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


При изглегувањето од теренот во тунелот Роналдо беше пречекан од потпретседателот на „старата дама“ и поранешна легенда на Јувентус, Павел Недвед.

Италијанските медиуми денес пишуваат и дека Недвед дури имал намера да се пресмета со дуијата Брих на полувремето.

На Апенините се пишува дека судиите по завршувањето на првиот дел веднаш заминале во соблекувалната и успеале да избегнат контакт со претставниците на „старата дама“.

За Роналдо ова беше првиот црвен картон во Лигата на шампионите во неговиот 154-ти натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

По разочарувачката сезона без освоен трофеј во која дополнително Барселона зададе четири б…