Дома Фудбал Репрезентации Легендарниот Ромарио со совет до младиот напаѓач: Многу секс, концентрација и голови

Легендарниот Ромарио со совет до младиот напаѓач: Многу секс, концентрација и голови

Ромарио имаше интересен совет за напаѓачот на Бразил пред Мундијалот во Русија.

Мундијалот во Русија е се поблиску, а Бразилците имаат тим од кој многумина очекуваат да стигне далеку.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бразил ќе игра во група со Србија, Швајцарија и Костарика, а еден од поважните играчи се очекува да биде напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Хесус.

Хесус сега доби совет од поранешниот најдобар играч во светот и легенда на „Кариоките“, Ромарио.

„Многу секс, концентрација и голови. Да се има доволно секс е еден од моите совети, баш како и користењето што е можно повеќе слободни денови, а потоа следи фокусирање на натпреварите. Хесус секако мора да оди на Мундијалот и да постигнува голови, без оглед на се“, изјави Ромарио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Хотелот воведе казни од 3.000 евра за гости кои гледаат натпревар низ прозорецот (Фото)

Хотелот на стадионот на англискиот клуб Блекпул воведе парични казни од 3.000 евра ако гос…