Дома Останати Кошарка Легендарниот Данкан порача: Уживам да гледам како игра Јокиќ

Легендарниот Данкан порача: Уживам да гледам како игра Јокиќ

Српскиот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ, игра одлично на отварањето на новата сезона во НБА лигата.

Во синоќешниот дуел помеѓу Денвер и Далас, Јокиќ имаше учинок од 38 поени, 11 скокови и четири асистенции, а неговата игра ја пофали и еден од најдобрите центри на сите времиња Тим Данкан.

Овој поранешен кошаркар на Сан Антонио истакна дека ужива кога го гледа Јокиќ.

„Сакам да ги гледам Денвер и Јокиќ. Кога го гледам како игра ми прави големо задоволство. Неговата игра ја одликува креативноста и одличниот преглед на игра. Прекрасно е да се гледа.“ – истакна Данкан.

Да потсетиме, Денвер после осум натпревари има три победи и пет порази, додека Далас има четири порази и исто толку победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спектакуларен натпревар на Џејмс Харден против поранешниот клуб

Синоќа на НБА паркетите беа одиграни десет натпревари, а секако вредно е да се издвои одли…