Дома Фудбал Германија Левандовски се враќа во тимот на Баерн

Левандовски се враќа во тимот на Баерн

Најдобриот стрелец на Баерн Минхен, Роберт Левандовски денес тренираше со екипата и ќе биде спремен за гостувањето во викендот кој следи.

Баерн вчера славеше против Леверкузен со 2:0 и така го искористи поразот на второпласираниот Лајпциг во Келн и во сабота победа против Мајнц ќе му биде доволна да ја обезбеди деветтата титула во низа шампион на Германија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Левандовски отсутен беше цел април поради повреда која ја заработи во настапот за репрезентацијата на Полска. Тренингот на Баерн го посети претседателот Карл-Хајнц Румениге кој се поздравил со полскиот голгетер.

Натпреварот помеѓу Мајнц и Баерн се игра во сабота во стандардниот термин од 15:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Звезда на Интер го напушта клубот за 21 милион евра!

Според италијанските медиуми, Џузепе Марота алфа и омега на Интер веќе почнал да ги склопу…