Дома Фудбал Лига на шампиони Левандовски петти најдобар стрелец во историјата на ЛШ

Левандовски петти најдобар стрелец во историјата на ЛШ

Полскиот напаѓач Роберт Левендовски вечерва постигна два гола во победата на Баерн над Олимпијакос.

Баварците гостуваа во Грција и славеа со 3:2, а Левандовски мрежата на грчкиот тим ја тресеше два пати – во 34. и 62. минута.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со пет погодоци моментално е прв стрелец во оваа сезона во ЛШ, а вкупно се проби на петото место на листата најдобри стрелци во ова натпреварување.

Левандовски моментално има 58 погодоци, со што го помина Ван Нистелрој со 56. Пред него е Карим Бензема со 60, Раул со 71, Лео Меси со 112 и Кристијано Роналдо со 127 погодоци.

Напаѓачот на Баерн ќе се обиде да ги престигне Бензема и Раул за да дојде на третото место на вечната листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…